Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Куманово, Тетово, липковско и Кичево. Под дејство на алкохол возел еден возач во Кавадарци, а еден возач во Велес управувал возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода се лишени и еден државјанин на Турција и еден државјанин на Украина, затоа што на автопатот А- 1,во близина на Демир Капија, односно на автопатот Скопје-Велес, возеле со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
