Граѓаните добиваат лажни мејлови – Ангеловски: Никако не споделувајте лични и банкарски податоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хибридните закани сега станаа модерен начин на криминални дејствија. На многу граѓани во електронската пошта им се испратени лажни известувања дека се осомничени за разни кривични дела кои всушност не ги сториле. Најголем дел од злосторствата за кои се обвинети се детска порнографија, сајберпорнографија, педофилија и слично. Овие пораки се испратени во име на директорот на Бирото за Јавна Безбедност, Сашо Тасевски, а во испратените пораки тој е претставен како директор на бригадата за заштита на децата.
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски ги предупредува граѓаните да не паѓаат на овие измами и да не ги споделат своите лични и банкарски податоци.

Ангеловски вели дека известено е ЈО и дека работат во расчистување на ваквата појава.

Лицата кои стојат зад овие закани ги предупредуваат граѓаните дека доколку не се појават во рок од 72 часа ќе издадат наредба за нивно апсење и ќе бидат запишани во регистарот на сексуални престапници и дека нивните досиеја ќе бидат објавени на различни телевизии.
Вакви закани имаше и во име на Управата за јавни приходи. Оттаму се бараше потврда на личните податоци како и на банкарските податоци. Ангеловски најави дека оваа измама е кривично дело сама по себе и работат на неа.