Граѓаните се мислеа по два пати, да купат или не, бидејќи, како што велат, цените се високи а платите ниски. Овој Рамазан нема да ги полнат торбите како други години, велат некои од купувачите.
„Цените оправдани, некогаш скапо, некогаш евтино.
Излеговте за Рамазан? Да, да купиме нешто.
Ќе ги полните ли торбите како други пати или не?
Не овој пат, поскапо е“
„Многу скапо, многу. Се држиме некако, нема работа, многу слабо.“
“Не можеме да ги наполниме ниту четвртина, цените скокнаа за 60-80%, многу, претерано. Со платите не можеме да купиме а не па со социјална помош или без плата„, велат граѓаните.
Продавачите признаваат дека производите се поскапи, велат дека тоа е причината што имаат помалку работа.
„Слабо работа, едвај, големи трошоци.
Нема ни пари ни работа. Дали ги покачивте вие цените како и другите? Не, јас не ги покачив. Овие цени се веќе 5-6 месеци, со години.
Има повеќе луѓе но цените се многу високи, вообичаено нашето население Рамазан го пречекува со голема радост, но цените се многу високи.
Денеска е подобро. А цените како се? Цените се многу високи, се е поскапено. Никој нема пари, 50 денари компирите.
Добро, еве 2-3 дена добро, многу добро оди. Имаат ли граѓаните пари? Да, имаат сега земено и плата, пензија, социјална помош. Тоа е. Ги покачивте ли цените? Не, се уште се старите цени. Не ги покачивме за Рамазан, додека заврши, потоа ќе видиме.“, велат продавачите.
Поглаварот на ИВЗ вели дека Рамазан е месец на изобилство и им честиташе на сите муслимани.
„Овој месец е добра прилика за помирување, подавање рака за помош на оние на кои им е потребно, особено на сиромашните, бидејќи само така ќе биде поблиску до радоста и простувањето од семоќниот Алах. Браќа и сестри, дозволете ми во името на ИВЗ и мое име да ви честитам од срце.“ вели Фетаи.
Инаку утре муслиманските верници почнуваат со пост. Рамазан според календарот почнува на 2 април а завршува на 1 мај. На 2 мај ќе првиот ден од празникот Фитр Бајрам. За разлика од изминативе две години, оваа година поради смирената состојба со Ковид 19 нема рестриктивни мерки со што ќе се организираат заеднички ифтари и ќе се одржуваат традиционалните рамазански молитви по завршувањето на дневниот пост.
