Граѓаните и туристите во Грција добија СМС предупредување за пожарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите граѓани и туристи кои се наоѓаат во Грција вечерва добиле СМС порака со предупредување за пожарите.

„Екстремна опасност од пожари во наредните денови. Избегнувајте било какви акции кои би можеле да предизвикаат пожар“, се вели во пораката.

Во пораката се додава дека е забранет пристап во шумските подрачја, а се советува и да се избегнуваат непотребните патувања.

„Доколку во вашата околина забележите чад или пожар веднаш повикајте Противпожарна служба на бројот 199“, се додава во пораката.