Граѓаните исплашени да не се урне објектот – се лизга земјиштето кај Домот за стари лица во Чаир

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од дождовите, паднаа вазните со цвеќиња во темелите на овој објект што започна да се гради во Чаир.

Речиси и да нема простор меѓу Домот за стари лица и темелите ископани за нова зграда.

Во близина на Домот за стари лица започна да се свлекува земјиштето од дождот а тука во близина се гради објект кој не поседува дозвола за градба“, вели репортерката на ТВ21.

Пензионерот Бектеш Сопа раскажа дека поради ова лизгање на земјиштето, страв им е да седат тука. Додава исто така дека доколку се гради, ќе им се затвори погледот бидејќи нема доволно простор измеѓу.

Бектеш Сопа: Многу е опасно, не е добра работава

-Мислите ли дека може се да се урне?

Б.С.: Може да падне, и ова што го поставуваат овде може да падне…Бетонот е готов да падне и терасите, што ќе правиме ние потоа.

Од општина Чаир велат дека не се гради објект туку дека се санира делот каде што имало лизгање на земјиштето.

Не се работи на тој објект бидејќи нема дозвола за градба. Туку поради врнежите, земјиштето во близина на домот за стари лица почна да се свлекува и сега инвеститорот го санира тоа за да го врати во првобитна состојба“, велат од Општина Чаир.

Инаку на оваа парцела, пред неколку месеци, општина Чаир ги стопираше работите бидејќи инвеститорот не поседувал градежна дозвола.