Граѓаните на протест пред ООУ „Љупен Лапе“ во Аеродром – бараат да се реши проблемот со небезбедната крстосница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Родители на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и жители на Аеродром утрово организираа мирен протест пред училиштето, барајќи решавање на проблемот со небезбедната крстосница на улиците „Васко Каранѓелески“ и „Коста Новаковиќ“. Тие истакнуваат дека сообраќајната ситуација сериозно ја загрозува безбедноста на учениците, родителите и сите учесници во сообраќајот.

Советот на родители повеќе пати апелирал до надлежните институции, но проблемот сѐ уште не е решен. Директорката на училиштето, Фоника Станоева, изрази поддршка за протестот, истакнувајќи дека се неопходни итни мерки, како поставување семафори, за безбедно преминување на улицата.

Претседателката на Советот на родители, Ана Филипчева, нагласи дека проблемот трае со години, и покрај повеќекратните апели, нема соодветен одговор. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, потврди дека се обратија до Град Скопје со барање за решавање на проблемот.