Новиот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Канада треба да стане 51-та држава на САД. Трамп рече дека многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане дел од Соединетите Американски Држави.
Неверојатните коментари на Трамп дадени навидум во шега за вечерата за Денот на благодарноста добија пострашен тон додека канадскиот премиер Џастин Трудо сега се бори за својот политички опстанок. Трамп дури еднаш, случајно или не, го нарече Трудо гувернер на Канада.
Како што истакна во објава на социјалната мрежа Х, никој не може да објасни зошто САД ја субвенционираат Канада со толку голема сума пари, па дури и до 100 милиони долари. Според него, тоа нема никаква смисла.
– Многу Канаѓани сакаат Канада да стане наша 51 земја. Тие би заштедиле многу на даноци и воена заштита. Мислам дека е одлична идеја – рече Трамп.
