Доколку граѓаните немаат свест за да сфатат дека коронавирусот убива, тогаш се е залудно – рече Бујар Османи во емисијата Клик Плус, национален координатор. Откако се врати трендот на новозаразени, граѓаните почнаа да веруваат дека овој вирус постои и почнаа да се плашат и за одредено време ќе се намали бројот на новозаразени.
„Денешната бројка ги освести сите дека нашето невнимателно и несериозно однесување ги убива нашите најблиски. Мислам дека ова е силна порака, секој полицаец кој ќе ве застане да провери дали носите маска, а вие по 10 минути да ја тргнете. Доколку не сме свесни за да разбереме дека ова болест ве убива вас и вашите најблиски, тогаш се е залудно.“, рече Османи.
Но сепак дел од граѓаните се уште не веруваат дека постои корона вирусот.
„Нема Ковид-19, умираат тие кои имаат по 70 -90 години, на нив смртта им дошла до носот. Нека кажат дали починал некој млад“.
Н: Зошто носите маска тогаш?
Само ја ставив!
Н: Се плашите да не ве казнат?
Да, затоа ја ставив, бидејќи нема болест, нема вирус.
Османи рече дека не е вистина дека од вирусот починале само постари лица. Тој даде и пример од Блаце каде е погребано неколку месечно бебе.
Моментално е време да бидеме и внимателни и да сме во паника во тие општини каде секој ден се забележува зголемување на бројот на заразени, додавајќи дека треба да се научиме да живееме со маски.
„Доколку носам маска, јас Ве штитам Вам од ширењето на заразата и спротивното, доколку Вие носите маска, ме штитите мене бидејќи можно е да сте позитивен во моментот. Доколку и двајцата носиме маски, тогаш веројатноста за пренесување на болеста е скоро 0.“, рече Османи.
За отворањето на границите, Османи рече дека државата нема интерес од тоа границите и понатаму да останат затворени, но треба да се следни ситуацијата со корона вирусот неколку дена па доколку има услови, ќе се отвораат.
