Граѓаните ги прават подготовките и последните пазарења за да го дочекаат новиот календарски период. Повеќето велат дека ќе останат дома за празникот, некои со полна трпеза, некои поедноставно, затоа што оваа година им било тешко да обезбедат се што им треба.
АНКЕТА
„Поедноставно, во секој случај поедноставно, зависи од семејството… повеќето деца се во странство, ние постарите сме сами, така што за себе подготвувам малку нешто, но не многу како порано кога славевме.“
„Дали се поскапиле намирниците? Па некои се зголемиле, има и акции и поевтини…“
„Цените се солени, уште посолени, што да правиме со тие пари.“
„Поедноставно, ќе одам кај ќерките во Германија затоа што таму заминале. Децата ми се лекари, анестезиолози, отишле во Германија. А вие останавте сами овде? Да, само ние.“
„Секој според можностите, како што велиме, кој колку има јорган.“
„Ќе бидеме дома, во семејна атмосфера, со сопругата и децата.“
„Некој има, некој нема, зависи, јас ќе славам нормално како секоја година. Така да, нема да патувате никаде? Не, тука ќе останеме во Скопје.“
„Патуваат луѓето, кој има пари, кој нема, дома ќе остане.“
Граѓаните испратија и пораки за политичарите за следната година:
„За политичарите – нека делат од својата плата за да им помогнат на некои луѓе, особено оние во парламентот, да имаат бесплатна храна, бесплатен транспорт и високи дневници.“
„За политичарите, повеќе да работат, помалку да лажат.“
„Позитивни мисли, здравје, среќа и благосостојба за сите.“
„Ах, политичарите… нека бидат здрави и да ни донесат добра благосостојба!“
„Нека станат попаметни за народот, нека даваат за сиромашните за да можеме да преживееме, да платат тоа, да платат тоа… со 20 илјади денари тешко се преживува.“
