Едвај успеваме да јадеме, а не па да пиеме. Ова е одговорот на граѓаните на прашањето колку ќе им помогне додатната мерка за намалување на цените на пијалаците по мерката за намалување и замрзнување на цените на неколку прехранбени производи. Според нив, овие мерки се само игра а вистинка помош би било зголемувањето на нивните приходи, односно, покачување на платите и пензиите.
„Доколку платите и пензиите не се зголемат, намалувањето на цените нема смисла. Цените се многу високи. Не се забележува ништо освен кај лебот и млекото, ништо друго.“, сметаат граѓаните.
Треба да се зголемат платите на работниците, не само за Владата.
Со цените се игра. Зголеми, намали. Кој ги контролира?! Треба да се зголемат приходите, посебно пензиите. Ги оставиле пензионерите, а само пензионерите од државата не земаат ништо, а државата се уште зема од нив.
Инаку, министерот за економија, Крешник Бектеши, извести дека на мерката „Гарантирана цена„ своеволно се приклучија и неколку домашни производители на минерална вода, пијалаци и пива кои нивните производи ќе ги продаваат со минимум 10% намалување.