Граѓаните се уште не ги земале парите од Мој ДДВ, за последниот квартал. Тие велат дека се револтирани бидејќи цело време скенирале сметки, но сепак средствата не ги добиле на нивните жиро сметки. Властите велат дека моментално нема пари во буџет, но граѓаните не веруваат во тоа.
Причината поради која не се исплаќаат парите, директорката на УЈП вели дека претходното раководство не планирале доволно средства за чела 2024 година. Таа на интервју за Република рече дека ќе продолжи овој проект, но исплатата ќе се направи по ребалансот.
„Не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот“, вели Елена Петрова.
Инаку, повратот на ДДВ е 5% од данокот на додадена вредност од секоја фискална сметка. Враќањето на парите се врши преку жиро-сметка на граѓанинот во рок од 60 дена по завршувањето на календарскиот квартал во кој е издадена фискалната сметка.
