Граѓаните се жалат на ѓубрето на патот кон Бања – градоначалникот Касами и ЈПК го исчистија теренот по реакциите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Големо количество отпад беше забележано на патот кон тетовска Бања, што предизвика реакции кај граѓаните. Еден од нив, Јетон Асани, преку социјалните мрежи изрази револтот против неодговорните сограѓани.

„Ова видео решив да го снимам за да се види до каде сме стигнале со нашето однесување како целосно неодговорни суштества. Ова е патот кон Бањата. Снимка по снимка ќе ви покажам во што го претворија. Значи 400-500 години ислам, 1500 години христијанство, околу 40 години атеизам – сè пробаа со нас, не станува, џабе е. Еве ја првата снимка, доаѓаат со автомобили, јадат, пијат, се однесуваат како животни – но ни тоа не можам да го кажам, затоа што животните не прават вака“, вели Јетон Асани, граѓанин на Тетово.

Очигледно, оваа порака ја слушнал и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Тој заедно со дел од екипата на ЈКП Тетово денес излезе и го исчисти просторот покриен со ѓубре.

„Денес бевме сведоци на една непријатна ситуација на патот кон Бањата, каде што работниците на комуналното претпријатие им помогнаа на оперативците во чистењето на овој дел од градот – најубавиот дел од градот. Уште еднаш упатувам апел до секој граѓанин на Тетово што ја посетува оваа локација – да го чуваме градот и да не фрламе отпадоци“, вели Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

Бањата во Тетово е едно од атрактивните места во градот, особено во лето, бидејќи патот покрај реката води до минералната вода и претставува локација што граѓаните често ја посетуваат за да избегаат од високите температури.