Граѓаните со поделени мислења за вакцината – регионот се вакцинира, нашата земја сѐ уште ја анализира ситуацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанија денеска почна со вакцинација.

Србија, Грција, Бугарија почнаа уште пред неколку време.

Од регионот само РСМ и Косово не почнаа со вакцинација.

Граѓаните со поделени мислења во врска со вакцинацијата. Дел од оние кои ги анкетиравме велат дека прифаќаат да се вакцинираат, а дел без да ги кажат причините велат дека не сакаат да се вакцинираат.

ТВ21: Дали ќе се вакцинирате?

Граѓанин: Јас, во ваква состојба како што сум сега не би се вакцинирал.

ТВ21: Зошто?

Граѓанин: Не треба!

ТВ21: Што мислите за вакцината?

Граѓанин: Добра е вакцината, ќе спасува народ, добра е таа работа и треба да се вакцинираме сите.

Граѓанин: Јас не.

ТВ21: Зошто?

Граѓанин: Не сакам.

Граѓанин: Не.

ТВ21: Зошто?

Граѓанин:Зошто така мислам дека не треба да се вакцинирам.

ТВ21: Дали ќе се вакцинирате?

Граѓанин: Не!

ТВ21: Дали ќе се вакцинирате?

Граѓанин: Да.

Граѓанин: Да, да….

Додека земјите од регионот почнаа со вакцинација, од МЗ велат дека се разгледува оперативниот план. Се уште не се знае списокот на првите лица кои ќе се вакцинираат, а нема ни конкретен датум кога ќе почне вакцинацијата на граѓаните.

„Министерството за здравство и Комисијата за имунизација имаат оперативен план, истиот се финализира со најнови информации за вакцините и искуства што пристигаат од западните земји кои веќе спроведуваат вакцинација, јавноста во текот на следната недела ќе биде информира за некои особености од истиот“, велат од министерството за здравство.

За ефектот на вакцината пред неколку дена зборуваше и инфектологот Фадил Цана, кој рече дека вакцината подразбира крај на вирусот. Додаде дека и тој ќе се вакцинира и апелираше сите да го направат тоа.

„Вакцината е многу безбедна и засега е единственото оружје со кое можеме да и ставиме крај на пандемијата“, вели Фадиљ Цана.

МЗ информираше дека ќе зема 800 илјади вакцини антиковид од Фајзер. Додека државите од регионот почна со вакцинација, кај нас првите дози се очекува да стигнат во февруари. Министерот Филипче изјави дека е во директни преговори со Фајзер, и дека обезбедени се вакцини за цела 2021 година. Инаку вакцината на Фајзер се чува во фрижидер на -70 степени и истата е одобрена од Управата за лекови и храна во САД.