Граѓаните стравуваат дека ќе останат на улица – се поскапува само платите и пензиите остануваат исти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме забележуваат што не биле подготвени за поскапувањето и сите одлуки се донесуваат по скратена постапки. Едногласни се дека пензиите и платИте кои остануваат исти нема да им стигнат само за сметки. Стравуваат дека голем дека од пензионерите ќе останат на улица.

Не не подготвија. За ништо не не подготвуваат. Туку ќе донесат одлука по скратена постапка како сакаат. Ќе стигне ли пензијата за сметки? Нема да стигне. Не знам колку ќе бидат среќни што многу пензионери ќе останат на улица. Знаете ли колку мали пензии има? Мој пријател има 7000 пензија, што ќе прави?

„Опасно, не само поскапувањето на струјата, туку и на парното. Јас незнам ние како граѓани како ќе издржиме, зашто не само тоа се е поскапено и намирниците за храна, а платите си стојат и пензииите, еве пензија земам јас“.

„За никаде се, туку ќе туркаме до кај има здравје. Ќе стигне ли пензиајата?Кај мене не, а кај комшиите може ќе стигне имаат своои фирми“.

„Само избори и крај. Оваа влада страшно нешто“.

-Зошто мислите дека избори се решение кои се вашите очекувања?

Мислам дека подобро ќе биде. Краделе, краделе, краделе и затоа е сиромаштија.

– Од кој очекувате да биде подобро? „ВМРО“.

-Они не крадат?

„Они крадат ама помалку мислат и за народот, а овие опасни по живот“. 

„Се чувствувам како вонземјанн, не чувствувам дека живеам во мојата земја“.

Ако народот е сиромашен и државата е сиромашна. Нема од каде веќе зема, зема душата уште да ти ја земе.

Од стресот животот на секој човек попушта и ќе удри кај што е најслабо, здравјето се губи, а скапи се лекарствата. Од една страна те разболува присилно со таа тензија, болести се фаќаат, од друга страна скапи лекарстваат и од трета страна Ковидот капак на се. Витамини, витамини со 10 000 дали можат да се земат витамини?

„Никаде не видов да се спомнат пензионерите дека ќе умрат за леб. Тоа е жално тие е грев ќе носат, а ќе ми се крстат. Многу работи не се во ред, а ми се фалат ова направивме, она направивме. Ништо не е направено. Сега по здравство одам, па вие знаете ли што е тоа, здравството е болно“.

Со укинувањето на евтината тарифа цената на електричната енергија дополнително се зголемува за 5-6% што значи вкупното поскапување ќе биде од околу 15 % обвинуваат од ВМРО-ДПНЕ

„Поради недомаќинското работење на власта останавме без домашно производство на електрична енергија. Доколку навреме се справувавме со енергетската криза и ако државните енергетски компании работеа одговорно ваков ценовен шок немаше да доживеат граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Обезбедени 60 милиони денари за над 7.500 домаќинства со ниски приходи кои ќе добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари во 2022 година-најави министерот за економија Бектеши.

„Лицата со ниски примања за самец, домаќинство  со два члена и за домаќинство до три члена се стекнуваат со намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари месечно, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена и за  домаќинство со пет члена и повеќе члена, се стекнуваат со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 800 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето“, додаде Крешник Бектеши.

За реализација на програмата Министерството за економија месецов (јануари 2022) ќе распише јавен оглас, а доделувањето на финансиската поддршка ќе се врши по принципот на најниски примања во домаќинство во 2021 година во секоја од категориите се до исцрпување на предвидените средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година за оваа намена.