Според мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање Лисиче во моментов диши најзагаден воздух, односно измерени се неверојатни 326 mg/m3, што значи дури 6 пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво.
Потоа следува Кавадарци со 290 mg/m3 и Куманово со 233 mg/m3.

Нешто помала е концентрацијата на ПМ10 честички во Велес каде се измерени 230 mg/m3, Тетово 217 mg/m3 и општина Гази Баба 219 mg/m3.

Според апликацијата Мој Воздух мерните станици во Македонија вечерва изгледаат вака.

Мерните станици кои се со виолетовата боја означуваат дека квалитетот на воздухот е опасен, додека пак црвените дека воздухот е многу загаден.
Во моментов Македонија се наоѓа на 19 место во светот по загаденост во воздухот.

