Учениците од четвртите одделенија оваа година не добија учебници. Се што имаат е еден линк од каде треба да ги симнуваат дигиталните учебници, а таблетите или лаптопите треба да им ги купат родителите. Ова е експеримент на МОН, за кого од граѓанската иницијатива Учебници и настава мора да има, не се согласуваат. Од оваа иницијатива ќе испратат претставка до Антикорупциска и Народниот правобранител за низата нерегуларности кои ги забележале. Велат дека не само за четвртите одделенија, туку и за другите нема учебници.
Од оваа иницијатива велат дека доколку до 1 октомври не се исполнат нивните барања, ќе преземат други мерки.
Но министерката за образование и наука пред неколку дена рече дека не се повлекува од својот став. Таа вели дека новиот концепт е многу важен.
Освен што има недостиг од книги, и тие учебници што ги добиле учениците, повеќето се уништени. За ова, министерката вината им ја префрли на директорите кои не побарале учебници од Министерството.
