Регионот е единствен со граници во светот и тие што поскоро треба во целост да се укинат, рече премиерот Димитар Ковачевски за време на денешниот состанок со лидерите од Западен Балкан без да прецизира кога точно тоа ќе се случи. Претседателот на Србија пак рече дека за Македонија и Албанија нема да важат одлуки за забрана за извоз на основни прехранбени продукти. Премиерот на Албанија пак додаде дека повеќе европски земји сакаат да станат дел од Отворен Балкан, а присуството на американскиот амбасадор во Србија и на Отворен Балкан е заштита од недоразбирања.
„Нас не очекува тешка зима и кој да ви каже поинаку, не би бил фер и не би ја зборувал вистината. Ние видовме дека одредени документи протекоа од страна на ЕУ за тоа како и на каков начин тие ќе гледаат да им помогнат на земјите членки, посебно бидејќи се трошат многу пари за купување на електрична енергија. Ќе пробаме како Западен Балкан како целина да бараме делумна помош и делумна надохнадување за недостатокот на електрична енергија. И да бидеме дела од единствениот систем на ЕУ. Да имаме добра гасоводна мрежа со Северна Македонија би имале многу малку проблеми со електричната енергија и тие и ние, заеднички ќе можевме да ги користиме нивните капцитети, тие немаат гас, а ние ги немаме тие капацитети. И сега погледнете каков проблем е тоа, но во наредните години тоа ќе го решаваме за да следните години бидеме подготвени“, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Меѓу другото на Самитот дел од ресорните министерства на трите држави потпишаа договори и меморандуми за соработка и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна, Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави. Вечерва се одржува и македонска вечер како дел од промотивните активности на македонските производи, вината, храната и националните богатства интересни за туристите, чиј што домаќин е премиерот Ковачевски, а присуствуваат претставници на бизнис заедниците и владите од Србија и Албанија.
