Објавени два огласи за самовработување од Активните мерки на владата. На овие огласи ќе може да аплицираат невработени лица до 29 години и може да добијат до 10.000 евра неповратни средства, како и лица невработени со возраст над 29 години кои ќе добијат до 7.000 евра. Во условите се наведува дека цел освен невработени се и ранливи групи граѓани, како жени жртви на родово базирано насилство, невработени Роми, повратници од странство. Но, најавено е и дека ќе се даваат пари и за легализирање на сивата економија.

Право да конкурираат за грантови од програмата 1.2:
Корисници на гарантирана минимална помош до 29 години
Невработени млади лица до 29 години
Жени – жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство до 29 години
Невработени млади лица до 29 години кои сакаат да го формализираат својот бизнис
Невработени лица Роми до 29 години
Невработени лица повратници до 29 години
„Како и граѓани кои сакаат да ја формализираат својата досегашна неформална дејност“, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Но, министерот Дурмиши откако беше прашан дали ова значи дека тие што досега работеле незаконски и ништо не и плаќале на државата, сега ем ќе го легализираат бизнисот, ем нема да има казни, ем ќе добијат и пари од државата за да работат според закон, се обиде да ретерира.
„Не, не е тоа целта. Интересот на граѓаните и на луѓето што работат активно имаат добра можност помеѓу овој начин да го формализираат бизнисот да речеме ако имаат потреба да додата уште едно ново вработено лице. да вработат уште еден и да земат поддршка од оперативниот план“, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Инаку, имплементацијата на самата програма започнува со јавен повик до невработените лица за учество. Потоа заинтересираните лица се пријавуваат во надлежниот центар за вработување и пополнуваат првичен прашалник.
Врз основана на резултатите се изготвуваа ранг листа на учесници за понатамошната фаза. Потоа за овие лица обезбедена е и обука за претприемништво и развивање на бизнис вештини. По завршување на обуката се изработуваат бизнис планови од страна на невработените лица, заедно со ангажираните консултанти од страна на Агенцијата за поддршка на претприемништво и откако консултантите со невработените лица ќе завршат со својот дел од работата, продолжува последниот дел, а тоа е проценка од страна на експертската комисија која што исто така ќе се формира од страна на Агенцијата.
