Жителите на Грчец и Крушопек, Сарај протестираа пред канцелариите на ЕВН во Ѓорче Петров. Тука ги пречека полициски кордон и специјланата единица за брза интервенција. Со недели жителите велат дека се без струја, а според нив, ЕВН не презема мерки за решавање. Неколку жители влегоа да разговараат со претставници на ЕВН. По средбата, кажаа за што разговарале.
„Нема никаква најава дека н екој ја краде струјата но не фатија ништо. Значи тој што крадел струја треба да му се исклучи, а никому не му е исклучена. Велат имаме пречки , не ни дозволувата да поставиме мерачи на улица, им реков, каде ви е најавата дека ќе поставувате мерачи на улица и дека некој ги спречувал нема доказ“, истакна жител.
Жителите велат дека овој проблем се прави намерно.
„Видов една кутија, ја зедоа со себе ги извадија послабите осигурувачи и поставија подобри, немавме проблем, само намерно го прават овој проблем, самите прават проблем“, вели жител.
Од ЕВН за ТВ21 велат дека жителите на Грчец и Крушопек не дозволуваат санирање на дефектите и дека постојано се спречувани од жителите за реализација на инвестициски проекти за реконструкција н а мрежата.
„Жители од Грчец и Крушопек не дозволуваат да се санираат дефектите во дистрибутивната мрежа Екипите на Електродистрибуција постојано се спречуваат од жителите во санирањето на дефектите и во спроведувањето на инвестициони проекти за реконструкција на мрежата во Грчец и Крушопек. Освен неможност за работење, вработените се соочуваат и со навреди и закани по живот, како и закани за предизвикување на материјална штета. Во однос на дефектите, истите се случуваат и повторуваат како резултат на константно преоптоварување на мрежата бидејќи корисниците нелегално и неконтролирано користат електрична енергија“, велат од ЕВН.
Жителите кои протестираа негираат дека некој ги спречувал работниците на ЕВН за санирање на проблемот. Велат дека доколку проблемот не се реши, и следниве денови ќе протестираат на автопатот Тетово – Скопје.
