Почна првата фаза на булеварот Македонија во Скопје – Мицкоски: Овој проект ќе го зголеми квалитетот на живот на скопјани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски, денеска и официјално означија старт на градежните активности на булеварот Македонија во центарот на Скопје. Двајцата се сигурни дека оваа сообраќајница ќе го намали метежот во главниот град.

„Се наоѓаме на почеток на градежни активности на булеварот Македонија, каде што во минатото било ветувано, но не биле преземано ништо. Сега почнуваме конкретно, со првиот од четирите чекори кои ќе значат за најмалку 30% намалување на хаосот со сообраќајот во централното градско подрачје во центарот на Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.

Мицкоски кажа дека овој проект ќе додаде вредност за квалитетот на живот на скопјани.

„Да изразам задоволство што заедно со градоначалниците и со луѓето од јавните претпријатија од Скопје, почнуваме еден проект кој ќе додаде вредност за квалитетот на живот на скопјани. Знам дека овој проект ќе го олесни движењето во центарот на градот. Амбициозен е планот да биде завршен целосно, амбициозен е планот во 90 дена да биде завршен овој дел, но сигурен сум со оглед дека имаме амбициозен градоначалник, да биде завршен.