Мицкоски за официјалниот почеток на системот „Сејф Сити“: Очекувам драматично да се намали бројот на прекршоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го коментираше официјалниот почеток на „Сејф Сити“, кој ќе почне да изрекува казни за прекршоци во Скопје, Тетово и Куманово, како и на коридорите 8 и 10.

Мицкоски кажа дека очекувањата се да има помалку прекршоци поради системот.

„Го зголемивме прагот на толеранција до 50 ќе биде 6 километри на час, над 50 девет километри на час, над 90 – 12 километри на час. Се зголеми таа толеранција да не се казнуваат, но како ќе се навикнуваат возачите, така ќе се вратиме на оние европски критериуми. Ние сега сме малку повеќе, ние сме некаде на 15%. Не е поентата да се казнуваат граѓаните, туку да нема последици од сообраќајни несреќи и загубени човечки животи. Очекувам драматично да се намали бројот на прекршоци и казни“, изјави Мицкоски.