ГРЧКАТА ВЛАДА СО РЕАКЦИЈА: Разрешени 7 полициски службеници за убиство на навивач!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчката влада итно реагираше и разреши дури седуммина високи полицајци поради хаосот и убиството на навивачите на АЕК во Атина од страна на приврзаниците на Бед Блу Бојс.

Зборуваше и министерот за полиција Јанис Оиконому:

  • Преминувањето на навивачите на Динамо Загреб преку нашите граници, нивното патување низ Грција и пристигнувањето на теренот се целосно неприфатливи и недозволиви – рече министерот и додаде.
  • Немам зборови за таков пропуст. Иако полицијата брзо реагираше при приведувањето на хулиганите, од кои 98, не успеаја да го спречат нападот и докажаа дека не се способни за вакви предизвици.

Потсетуваме, Михалис Качурис, навивач на АЕК од Атина, беше убиен во крвавиот напад на хрватските хулигани во Атина, кои дојдоа и покрај забраната на УЕФА да присуствуваат на натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите.