Грчкото тло не мирува: Еден умерен и неколку помали земјотреси утрово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Серијата на земјотреси во Грција продолжува и денеска, откако утрово беше регистриран еден умерен и неколку помали потреси во близина на градот Лариса во централниот дел на земјата.

Најсилниот потрес утрово беше со јачина од 4,7 степени според Рихтер. Утрово во 5:40 часот беа регистрирани два помали со интензитет од 3 степени. Претходно во 5:10 часот, беше регистриран еден од 3,6 степени.

Земјотрес имаше со епицентар во Егејското море, во близина на третиот крак на Халкидики.

Вчера и денеска во Грција биле регистрирани околу стотина умерени и помали потреси.

Најсилниот се случи нешто по 10 часот во текот на вчерашниот ден со јачина од 6,3 степени, кој придонесе за материјална штета. Епицентарот бил 30 километри од Лариса.