Ја посетија топланата „Исток“ во Скопје, по што министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на електрани на Македонија Васко Ковачевски ги уверија жителите на главниот град дека ќе има доволно топлинска енергија до крајот на грејната сезона.
– Во текот на зимската сезона сакам да им гарантирам на сите граѓани дека се направени сите подготовки и граѓаните да не создаваат никаква паника, бидејќи капацитетот на институциите е на вистинско ниво. Технолошките подготовки се на вистинско ниво и сите домаќинства, микро, мали и средни компании ќе продолжат да се снабдуваат со топлинска енергија и електрична енергија, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Директорот на електрани Васко Ковачевски рече дека енергенсите се обезбедени до крајот на октомври и без разлика дали ќе работи компанијата ТЕ-ТО. Ковачевски смета дека со менаџирање на сите капацитети во државата успешно ќе ја поминеме оваа грејна сезона.
– Топлинска енергија во термоцентралите што ги изнајмуваме од „Адора“ во топлани на „Исток“ и „Запад“. Утрово во 5 часот и 50 минути грејните тела почнаа на температура од 9 степени, работеа до 9 часот и 15 минути кога беше достигната надворешната температура од 12 степени и во овој период беа испорачани 997 мегават часови топлинска енергија, вели директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Во однос на снабдувањето со електрична енергија, министерот за економија нагласи дека во делот на регулираниот пазар, домаќинствата, малите потрошувачи и делот на слободниот пазар континуирано ќе се снабдуваат со електрична енергија од локалните капацитети во текот на целата зимска сезона. Бектеши исто така рече дека Северна Македонија не зависи од другите земји и дека сме подготвени потрошувачката да биде покриена од домашни капацитети, за да нема поскапувања и да не зависиме од тоа што би се случило во регионот, во Европа или на глобално ниво.
