Грозоморен чин во Србија: Син си ја убил мајката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уапсен маж под сомнение дека убил мајка (70) во Србобран која била пронајдена во кревет.

Утрово збунет излегол од куќата и ги прашал соседите кому да се обрати велејќи дека мајка му починала.

Била повикана брза помош, а кога било констатирано дека жената не дава знаци на живот, но и дека има бројни повреди по главата и телото и дека се работи за сомнителна смрт, била алармирана полиција.

Според медиумите, тој веќе два пати бил уапсен поради напад врз неговата мајка.

Според соседите, тој излегол од затвор пред околу шест месеци.

Соседите велат и дека осомничениот за убиството пред неколку дена ја претепал мајка си и дека таа побегнала од него во куќата на соседот.