Грозоморен напад во близина на црква во Монпелје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француската полиција започна потрага по напаѓач, кој му го пресекол гркланот на еден пензионер во близина на црква во Монпелје.

Како што објавија локалните медиуми, жртвата е 75-годишен маж, за чиј живот се борат лекарите.

Според неофицијални информации, полицијата блокирала неколку делови од градот поради спроведување на акцијата за пронаоѓање на напаѓачот.