Грција дозволи истополови бракови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со 176 гласа „ЗА“, грчките парламентарци го донесоа законот со кој се дозволуваат истополови бракови во земјата. Законот доби натпартиска поддршка, и за него гласаа пратеници и од леицата и конзервативци. Двајца пратеници гласаа воздржано, а 46 пратеници не псисутвуваа на седницата.

За законот имаше жестока дискусија. Пратеници од помалите партии, но и некои парламентарци од владеачките конзервативци, сметаа дека со носењето на законото се игнорира традицијта во Грција и поуките од православната црква.

Грција стана 16-та земја во ЕУ, но и прва православна земја која дозволи истополови бракови.