Грција најави дека од 15. јули ќе ги отвори границите и аеродромите за граѓани на Велика Британија.
„Зелено светло за слободни слетувања на сите аеродроми во Грција од 15. јули доби Велика Британија“, објави портпаролот на Владата на Грција, Стелиос Пецас.
Велика Британија беше најголемо жариште на Ковид-19 во Европа, а некои земји забранија летови од и кон оваа земја, како и од Шведска.
Одлуката на Грција доаѓа после одлуката на Велика Британија да англиските туристи може да посетат 74. земји без обврска потоа на враќање да бидат во задолжителна самоизолација, меѓу кои е и Грција.
