Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас денеска на бифинг со новинарите истакна дека во оваа фаза во Грција постојат три области што предизвикуваат загриженост за коронавирусот.
Првата е континуираното поминување на копнените граници кон балканските земји на Грците и оние кои имаат дозвола за престој, втората се однесува на забавите во баровите и ноќните клубови, како и на прославите (свадби, крштенки), а третата област е ситуацијата во превозните средства.
За првиот случај тој посочи дека „некои продолжуваат да влегуваат и излегуваат како да не се случува ништо“ и најави дополнителни мерки за копнените граници кон Северна македонија, Албанија, Бугарија и Грција, кои и онака се отворени само за грчки државјани и оние кои имаат дозвола за престој.
„Соопштувме дека забраната за поминување од 23 часот до 7 часот наутро, од утре вечер се проширува на копнените гранични премини што се отворени за конкретни категории граѓани, освен Промахонас, рече Пецас.
Конкретната мерка е веќе во сила на граничниот премин Какавиас со Албанија, а од утре ќе важи и за Евзони (со Северна Македонија), Кристалопиги (со Албанија), Нимфеа (со Бугарија) и Кипи (со Турција).
Пецас истакна дека следната седмица е клучна за текот на пандемијата во земјата, објасни дека ќе ги преземат сите дополнителни мерки што се неопходни доколку за тоа постои препорака од експертите.
