Грција в петок излегува од шестмесечниот карантин

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од петок, заедно со туризмот, во Грција се укинуваат голем дел од рестрикциите воведени на 7 ноември 2020 година, односно задолжителното испраќање смс пораки за секое движење на граѓаните и забраната за патување меѓу региони, полицискиот час дополнително се скратува, а се воведуваат правила за внатрешните патувањата со брод или авион, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик – министерот под премиерот задолжен за координација на работата на Владата Акис Скерцос попладнево, на прес конференција соопшти олабавување на мерките, а Грците, по над шест месеци карантин, од 14 мај Грците ќе имаат поголема слобода на движење.