Грција заплени 8.000 забранети вакцини против овчи сипаници од Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчката даночна администрација (AADE) откри и заплени 8.000 забранети ветеринарни вакцини против овчи сипаници, транспортирани од Турција.

Вакцините со ознаки POXDOLL и POXVAC беа пронајдени на царината Кипон, скриени под резервната гума и во личниот багаж на патникот, пишува „Катимерини“.

Во соработка со ветеринарните инспектори на Министерството за рурален развој и храна, беше утврдено дека станува збор за вакцина која е забранета во ЕУ поради ризик од ширење на болеста.