Огномет кој бил пуштен од јахта предизвика шумски пожар кој избувна на грчкиот остров Хидра кај Атина, соопшти денеска противпожарната служба.
Во пожарот што избувна на островот во петокот вечерта изгоре единствената борова шума, соопштија властите во објава на социјалната мрежа Фејсбук, пренесува Би-би-си.
Медиумите објавија дека причината за пожарот предизвика големи реакции во Грција, која веќе се бори со шумските пожари низ земјата и е погодена од првиот топлотен бран годинава.
„Ние сме револтирани што некои луѓе палат огномет толку неодговорно во боровата шума“, изјави градоначалникот на Хидра, Ѓоргос Кукудакис, за грчката телевизија ЕРТ.
