Груби ексклузивно за ТВ21: Хрватската компанија која го доби тендерот за надзор, па потоа пропадна, имаше врска со Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ексклузивно во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 одовори во врска со тендерот за надзор на изградба на Коридор 8, договор кој го доби „Бехтел Енка“.

На тендерот за надзор се јавиле две компании, Хил, американска и една хрватска компанија. Американската компанија не ја доставила документацијата навремено со што била дисквалификувана и со тоа останала само хрватската. Но, хрватската компанија не ја доставила банкарската гаранција од 2.7 милиони евра. Подоцна се увидело дека позади таа компанија стојат руски пари.

Според Груби, добро што излегло вака, на наредниот тендер оваа компанија нема да има право да учествува. Според него, сега се очекува во средината на ноември да започне се ако се оди според планот.

Ова беше објаснување на Првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби зошто не започнала изградбата во месец август како што рече лидерот Ахмети во истото студио.