„Груби и Османи надвор од Влада“ – Меџити: Не можат да го застапуваат скопскиот електорат на ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од тоа што може да гледа од страна, Изет Меџити не гледа итна потреба за реконструкција на Владата, но доколку дојде до тоа, критички настроениот потпретседател на ДУИ, смета дека првиот вицепремиер, Артан Груби, и МНР, Бујар Османи, не треба да бидат на нивните функции.

„Јас со надлежност можам да зборам околу Скопје, Чаир, ограноци кои се важни и придонесувале во ова победа со 1/3 на гласовите. Мислам дека г. Груби и г. Османи не се тие кои кредибилно можат да го застапат електоратот на ДУИ во Скопје“, рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Не се во прашање само имињата, туку и владината и програмата на ДУИ, како што вели Меџити, барајќи да се отвори дебата за изнесување аргументи. Меѓу неговите сомнежи е и малиот број на вработени Албанци во институциите.

„На крајот е вицепремиер и управува со Политичкиот систем, колку политички прашања се унапредувани во текот на овој период, колку капитални инвестиции има во овој период, како стоиме со прашањето на дисперзија на вработените за кои се зборува но и тоа не беше завршено, колкав е процентот на вработените Албанци во владините органи, министерства, управи, агенции. Врз основа на информациите со кои располагам, нивниот број е многу мал“, додаде Меџити.

Меџити вели дека незадоволство гледа и во другите ограноци на партијата, за кои не сакаше да зборува, бидејќи им остава на нив простор за тоа. Секако дека необединувањето на ДУИ може да направи штета на локалните избори и тоа може да оди во интерес на албанската опозиција, но според него, одговорни за тоа се тие кои ги водат процесите.

Тв21 од партиски избори дознава дека реконструкција може да има кон крајот на мај или почетокот на јуни. Премиерот, Зоран Заев, прашан вчера во врска со тоа рече дека не смета дека треба да се направат промени во неговиот кабинет кој е формиран пред 8 месеци.