2019 година, село Идризово, Скопје.
Артан Груби и Мухамед Зекири тогаш пратеници, седеа овде како сведоци на ветувањето за изградба на основно училиште во Идризово.
„Во 2019 година во овој објект зад мене во селото Идризово, беа Артан Груби, Мухамед Зекири, Арбр Адеми и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски. Тие им ветија на жителите дека многу наскоро ќе се изгради школо во Идризово“, истакна репортерот на ТВ21.
Сега во 2021, нештата се сменија. Артан Груби стана прв вицепремиер, Мухамед Зекрии генерален секретар на Владата, а училиштето не се изгради. Бајрам Бејта денеска дојде во објектот во кој беше дадено ветувањето.. Тој вели дека во договорот кој го направиле функционерите со родителите е навадено дека додека се изгради училиштето, учениците ќе посетуваат настава во другите села.
„Тој беше обврзан, бидејќи беше потпишано, имаше договор меѓу нас, ние прифативме децата да ги праќаме во друго школо, потпишавме во договорот, каде пишува дека сигурно ќе се изгради школо во 2020/21. Тоа не е реализирано, за жал, ако погледнеме, сите рокови завршија и тешко е дека оваа година ќе започне изградбата на училиште кај нас“, посочи Бајрам Бејта.
Сега, иако ги побаравме, ниту еден од нив не ни одговори во врска со ветувањето дадено пред жителите. Првиот вицепремиер не одговори на нашето прашање , зошто не е реализирано ветувањето за изградба на училиште. Исто така побаравме одговор и од генералниот секретар Мухамед Зекири но тој не упати до Општината и МОН не сакајќи да коментира. Оваа идеја за изградба на основно училиште во Идризово дојде бидејќи во ОУ Његош во Јурумлери родителите на учениците Македонци не дозволија децата Албанци да учат на нивниот мајчин јазик.
