Груби: Ми се јавуваат луѓе ми нудат вакцини, денес од Германија ми понудија 5 милиони вакцини

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првиот вицепремиер Артан Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 окри дека му се јавуваат луѓе кои му нудат вакцини, а таков пример е вели и денешниот каде луѓе од Германија му понудиле дури 5 милиони вакцини.

„Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има“, порача Груби.

Тој посочи дека денеска се слушнал со министерот за здравство Венко Филипче кој го информирал дека на почетокот на месец април ќе пристигнат вакцини.

„Денес се слушнав со министерот Венко Филипче и ми кажа дека почетокот на месец април ќе пристигнат 800 илјади вакцини од Ковакс системот, и 200 илјади од Кина наредните денови. Со компанијата Фајзер сме во постојана комуникација, а во процедура сме и со Спутник. Има директни контакти“, нагласи Груби.