Груби на Бочварски за отстранување на граници, Меџити им вели помалку фотографирање, но тие повторно на Блаце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нивниот сопартиец Изет Меџити пред 4 месеци апелираше за помалку фотографирање, а повеќе работа…

„Не 2 км, туку 12км, што поскоро да се завршат, повеќе работа, помалку сликање, помалку рекламирање таму….“, рече Изет Меџити, пратеник на ДУИ.

Но функционерите на ДУИ, повторно се најдоа на патот Скопје – Блаце заради контрола на работите на првите 2км. Првиот вицепремиер Артан Груби повторно се појави таму, заедно со двајца сопартијци, заменик министерот за транспорт Беким Реџепи и директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми.

Со нив беше и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кому Груби му покажа како би бил овој дел кога би се отстранила границата со Косово, како членки на ЕУ.

Откако доби уверување дека на автопатот ќе бидат и граничните премини…

Првиот вицепремиер рече дека крајната цел е поврзување на  Блаце- Ќафасан преку коридорот 8.

Министерот Бочварски иднината на земјата ја гледа во развојот на инфраструктурата преку која би се зголемиле трговските релации со соседите.

Што се однесува до вториот дел од автопатот од 10,5км, идејниот проект веќе очекува усвојување од институциите. Тој ќе биде до обиколницата кај Скопје, а се преговара со Град Скопје истиот да се поврзе со Качанички пат (Хасан Приштина).

Што се однесува до отуѓување на земјиштето и незадоволните сопственици од понудената цена, Рустеми рече дека процедурите се во суд и дека земјиштето ќе се плати зависно од судската одлука.

Во моментов се работи на трасата од првите 2км од овој автопат и се преместуваат подземните кабли.