Груби со куфер пред општина Чаир: Нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Артан Груби од ДУИ денеска на прес-конференцијата пред општина Чаир се појави со куфер, пишува ТВ21.

Груби рече дека куферот е за албанската опозиција од која побара да ги депонираат оставките.

„Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но како што рече и Скендер Реџепи-Зејди, нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка како што кажаа, нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер, ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома“, рече Груби.