Груби: Со законските измени штедиме пари и време, нема политичар кој би се впуштил во коруптивни дејствија со САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Законските измени за коридорот 8 и 10д не се големи и елементарни, но се неопходни за што побрзо да се заврши проектот, односно за 57 месеци и ќе чини десетици илјади евра поевтино. Вака изјави првиот вицепремиер, Артан Групи кој истовремено е координатор на овој проект. Вели дека законските измени не ги бара Бехтел и Енка, туку пратениците бидејќи се советувале со нивните колеги од Хрватска, Албанија, Косово и Романија.

Според вицепремиерот обвинувањата за корупција се неосновани. Смета дека ниту еден политичар нема да се впушти во коруптивни дејствија со компании како Бехтел и Енка или пак со држави како САД и Турција.

Што се однесува до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Груби рече дека му понудиле на Мицкоски да биде дел од проектот, но додаде дека овој проект е многу поразличен бидејќи Владата на ВМРО-ДПМНЕ потрошила милијарди за стиропор и споменици, а актуелната влада инвестира во автопатишта.

На конференцијата „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“ се дебатираше и за прашањето за пристапноста на договорот. Според Груби, договорот не е таен, туку има одредени точки кои не можат да се објават и негира дека со договорот предвидено е плаќање на пенали.