За предметот „Насилство во општина Центар“ Груевски е осуден со 1.5 години затвор, а екс министерот Миле Јанакиевски е осуден на 1 година условна казна затвор. Никола Груевски е осуден како нарачател на насилството, а Миле Јанакиески како организатор на протестот против екс градоначалникот на о. Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.
Обвинителката која го претставува предметот, Фатиме Фетаи, рече дека делумно е задоволна од донесената пресуда.
Адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов без да се консултира со неговиот клиент, рече дека ќе ја обжали денешната пресуда, бидејќи како што рече, обвинителството не откри докази за вината на Јанакиески.
За Јанакиески ова е првата пресуда бидејќи против него има уште 4 судски постапки, како што се ТНТ, Титаник, Траекторија, Организатори на 27 април.
Обвинетите Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски и Игор Бошковски добија условна казна затвор која нема да се изврши доколку не сторат друго кривично дело.
