Груевски преку Фејсбук статус од Будимпешта пишува дека досега менаџирал многу кризи, но никогаш не предложил намалување на платите. Тој вели дека мерката за минималец во јавната администрација е избрзана одлука, но дека се уште има време за корекции.
„Најавеното намалување на платите во администрацијата и нивно сведување на минимална плата е избрзано и премногу длабоко. Но, сѐ уште има време за корекции.Јас како министер или премиер менаџирав многу кризи во Македонија, но никогаш не дозволивме намалување на платите, пензиите, субвенциите за земјоделците и социјалните надоместоци. Спротивно, некогаш и растеа во години на криза ако претходно било ветено при што евентуално зголемувањето на платите било пролонгирано неколку месеци“, вели екс-премиерот Никола Груевски.
