Гугучевска Филипоска: Нема да му се дозволи влез на гласач кој нема да носи заштитна маска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во однос на тоа дали ќе има санкции за лицата кои нема да ги почитуваат издадените протоколи на самото избирачко место, денеска во „10 Минути“ на ТВ21 добивме одговор од портпаролот на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска Филипоска.

„Согласно упатството кое е во процес на усвојување од страна на ДИК, нема да му се дозволи влез на гласач кој нема да носи заштитна маска на самото гласачко место, така што на овој начин се обезбедува некоја сигурност во однос на почитувањето на безбедносните протоколи“, вели Гугучевска Филипоска.

Таа додава дека задолжителното носење на заштитна маска ќе се однесува и за избирачките одбори, кои ќе бидат присутни на гласачкото место, како и набљудувачите и овластените претставници.