Ѓукановиќ: Без одложување ЕУ треба да ги започне процесите на преговори со Македонија и Албанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ во интервју за ТВ21 истакна дека без одложување Европската Унија треба да ги започне процесите на преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Јас апсолутно мислам дека умното раководство во Скопје и верувам новото раководство по конституирањето во Софија низ процес ќе дојдат до одговор на некои прашања кои сега ги зајакнаа недоразбирањата, но мислам дека не чекајќи на тоа, без одложување Европската Унија треба да ги започне процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија“, посочи Ѓукановиќ.

Тој смета дека доколку навистина сакаме да допринесеме за стабилноста и европеизацијата на овој регион треба да се започнат преговорите со овие две држави, треба да се даде визна либерализација на Косово и треба да се даде дополнителен импулс на преговарачкиот процес со Црна Гора и со Србија.

„Јас мислам дека само еден таков пакет според мене ќе прати една силна порака дека Европската Унија во денешен персонален израз почнувајќи од Европската Комисија е навистина подготвена да вложи дополнителни напори на планот за европеизација на Западен Балкан“, посочи Ѓукановиќ во интервју за ТВ21.