Ѓукановиќ: Не знам дали сме сите доволно свесни, каква жртва поднесе Македонија за да се деблокира процесот со Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во интервју за ТВ21 истакна дека не знае дали сите се доволно свесни за тоа колкава жртва поднела Северна Македонија со цел да се деблокира процесот со Грција.

„Се согласувам потполно со оцените кои денеска ги слушнавте во текот на панелот дека е недопустливо за кредибилитетот на Европската Унија да билатералните спорови се користат за загрозување на европската перспектива на секоја од европските држави, во овој слушај на Северна Македонија. Јас мислам дека Северна Македонија плати сериозна цена за време долгогодишниот застој поради спорот со Грција, понатаму, исто така поднесе голема жртва, јас не знам дали за тоа сме сите доволно свесни, каква жртва поднесе Северна Македонија да би се тој процес деблокирал, да се деблокира процесот со Грција“, истакна Ѓукановиќ.

Тој вели дека ова заслужува почит, а смета и дека не е ни политички ни морално оправдано да од било која причина се држи Северна Македонија во една состојба на парализа на процесот на преговарање со Европската Унија.

„Јас апсолутно мислам дека умното раководство во Скопје и верувам новото раководство по конституирањето во Софија низ процес ќе дојдат до одговор на некои прашања кои сега ги зајакнаа недоразбирањата, но мислам дека не чекајќи на тоа, без одложување Европската Унија треба да ги започне процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија. Ако навистина сакаме да допринесеме за стабилноста и европеизацијата на овој регион треба да се започнат преговорите со овие две држави, треба да се даде визна либерализација на Косово и треба да се даде дополнителен импулс на преговарачкиот процес со Црна Гора и со Србија. Јас мислам дека само еден таков пакет според мене ќе прати една силна порака дека Европската Унија во денешен персонален израз почнувајќи од Европската Комисија е навистина подготвена да вложи дополнителни напори на планот за европеизација на Западен Балкан“, посочи Ѓукановиќ во интервју за ТВ21.