Ѓуриќ: Србија и Албанија ќе отворат конзулати во Скадар и во Бујановац

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и неговиот албански колега Ферит Хоџа се согласија да отворат конзулати во Скадар и Бујановац , објави АТА, повикувајќи се на изјавата на Ѓуриќ за српското државно радио.

Според Ѓуриќ, отворањето на овие конзулати ќе биде чекор кон зајакнување на односите меѓу двете земји, додека позитивно ги оцени неодамнешните разговори со министерот Хоџа.

„Задоволен сум што имав толку добри разговори со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, со кого постигнавме принципиелен договор за отворање конзулати на двете земји во Скадар и Бујановац“, изјави Ѓуриќ.

Двајцата министри одржаа состанок на маргините на министерскиот состанок за борба против политичкиот тероризам, свикан од американскиот државен секретар Марк Рубио, кој се одржа пред две недели во Вашингтон.