Многу е веројатно дека мировните преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран ќе продолжат, изјави денес генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, но не даде дополнителни детали.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека нови мировни преговори би можеле да се одржат во следните два дена во Исламабад.
На 11 април, во Исламабад се одржаа разговори меѓу американската делегација, предводена од потпретседателот на САД, Џеј Д. Венс, и иранската делегација, предводена од претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, но не беше постигнат договор за траен мир.
