-Што сме ние тука, будали? Министерот да си даде оставка веднаш. Оставка, оставка. Сите комплет.-вели еден од револтираните граѓани кои чекаат.
Голема гужва и нервоза повторно пред шалтерите на МВР кај МРТВ каде се вадат патни исправи. Граѓаните чекаат ред со часови за да се сликаат за пасош, лична карта или возачка дозвола.
Од МВР велат дека гужвата ќе трае само неколку дена. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски вели дека ова е вонредна ситуација поради поправка на системот.
Инаку опозицијата неколку дена по ред го обвинува МВР за лошо менаџирање велејќи дека се загрозува и здравјето на граѓаните.
