Голем број граѓани кои екипата на ТВ21 ги затече пред вакциналниот пункт во Тетово, велат дека се вакцинираат за да ги избегнат мерките кои стапуваат на сила на 16 август.
Некои пак, вакцината ја гледаат како начин за да си го заштитат здравјето.
Она што им е заедничко е револтот од долгото чекање за да дојдат на ред да ја примат вакцината.
„Влијаеше и тоа. Не можеш да влезеш во банка. Не можеш да влезеш, па затоа мора да се вакцинираш. Од една страна ти велат дека не е задолжително да се вакцинираш, но од друга страна те ограничуваат. Ова е игра на Владата и државата“.
„Не е ништо, но мерките на Владата за задолжително вакцинирање, не можеш да влезеш таму, не можеш да влезеш онаму. Мора да се вакцинираш“.
„За наше здравје е! За наша безбедност е, се надеваме дека ќе помогне“.
„За моето здравје се работи“.
Лекарот Александар Костевски од Центарот за вакцинација во Тетово, вели дека причината поради која се создава мешаница е недостигот на кадар и култура на граѓаните.
Во тетовската болница во моментов има 43 хоспитализирани, а 6 од нив се примени во изминативе 24 часа. Лекарска помош побарале 101 пациент. Во изминатово деноноќие битката со вирусот ја изгубија двајца пациенти на 65 и 86 годишна возраст.
