Гвардиола се откажа од титулата во Премиер-лигата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја „предаде“ битката за тронот во Англија, по поразот на неговиот тим од Тотенхем. Тој рече дека Ливерпул се веќе недостижни, и дека сега со неговиот тим имаат нова цел.

„Тие се веќе недостижни за нас. Одиме понатаму, сакаме да освоиме трофеј во натпреварувањата каде што учевствуваме, и да обезбедиме место во Лигата на шампионите“, рече Гвардиола.

Шпанскиот тренер и неговиот тим ќе имаат тешка задача кон титулата во ЛШ, бидејќи на патот им стои најтрофејниот европски тим Реал Мадрид.