Хајрулахи: Суспендиран сум поради тоа што не донесовме нарачана одлука, ќерката на Коцевски изнесува информации од ЈО

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шефот на Вишото јавно обвинителств Скопје, Мустафа Хајрулахи денеска во обраќањето кон медиумите го обвини јавниот обвинител Љупчо Коцевски дека му врши притисок со цел Вишото ЈО да донесе нарачана одлука за предметот со бонусите во поранешното СЈО.

Тој исто така обелодени на јавноста дека ќерката на Коцевски изнесувала информации од Републичкото јавно обвинителство.

Хајрулахи вчера беше суспендиран од функцијата виш обвинител, а одлуката ја донел токму коцевски, откако ОЈО Штип поведе постапка против него за „малтретирања во вршење на службата“.

„Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски донел одлука за оддалечување од функцијата виш јавен обвинител, затоа што против мене се водела истрага од ОЈО Штип за мобинг, а всушност тендецијата е да ме отстрани мене. Истовремено сака да ги заплаши и другите обвинители, со цел да носат нарачани одлуки. На 19 сепмтеври Коцевски ме викна кај него во канцеларија и ми рече дека треба донесан одлука за предметот со бонусите на врабоните на СЈО со која треба да потврди првостепеното решение, и дека не треба да му се даде својство на оштетен на подносителот на кривичната пријава, односно на ВМРО-ДПМНЕ. Јас реагирав на ова“, рече Хајрулахи и додаде:

„После неколку дена за да врши притисок врз мене, републичкиот јавен обвинител Коцевски ме извести дека ќе има вонреден надзор врз работата на Вишото јавно обвинителство. На двајца обвинители не им беше местото во нарзорот. Поминаа 30 дена и натаму го немаме извештајот. Од проверени информации ви кажувам дека извештајот не е ниту доставен, за да се отстрани срамот на републичкиот јавен обвинител, затоа што двајца, од тројцата обвинители одвиваат да се потпишат на извештајот од надзорот“, кажа тој.

Хајрулахи образложи дека обзнанил дека ќерката на Коцевски изнесува информации во медиум, по што е тргнат поради изјава за мобинг.

„Не е легитимно ќерка на републички јавен обвинител да изнесува информации. Не сакам да давам политичка конотација, сакам само да кажам за целиот притисок што се врши за предметот со бонусите и за изнесените информации од ќерката на обвинителот“, вели Хајрулахи.